(ГАЛЕРИЈА) Најсмешните твитови за чочекот во тунелот

Откако вчера се играше чочек во тунелот на автопатот Демир Капија – Смоквица, а забавата кулминираше со блех-музика, денеска твитерџиите си ја завршија работата. На социјалните мрежи излегоа фотографии за мајтап, оти вчера се играло и се пеело во тунелот. „Внимание, чочек во тунелот“, „Добре дојдовте во чочек-тунел“, различни твитови и фејсбук-статуси.

За потсетување, вчера дел од вработените во фирмата што ги градеше тунелите на автопатот Демир Капија – Смоквица со чочек го прославија отворањето на оваа делница.

Тие, настрана од официјалното отворање, самите си организираа забава и играјќи на жива музиката од блех-оркестар, го прошетаа тунелот покажувајќи го задоволството од завршената работа.

Видеото беше објавено на социјалните мрежи, па покрај позитивните реакции, стана приказна за мајтап.

Scroll to Top