Индиец си ја продал жената за нов „ајфон“

Индиец од државата Одише ја заменил сопругата за нов мобилен телефон. Веста ја пренесоа локалните медиуми, кои пренесоа дека 17-годишен тинејџер ја продал својата 26-годишна сопруга за нов „ајфон“. Се вмешала и полицијата, која побарала несреќната девојка да се врати назад.

Луѓето што ја зеле се спротивставиле и објасниле дека чесно платиле за неа. На крајот, сепак, девојката се вратила кај сопругот. Двајцата стапиле во брак пред еден месец, но кога момчето видело шанса да добие нов телефон, лесно му ја продало на 55-годишен маж.

На мештаните во селото во кое живеел им кажал дека го оставила. Семејството не му поверувало и се јавиле во полиција. За среќа, надлежните успеале да ѝ влезат во трага.

„Призна што направил за време на испрашувањето. Тим од Баланжир отиде во Тажастан за да ѝ влезе во трага на девојката. Но, тамошните мештани не дозволија да ја однесеме. Инсистираа дека чесно ја купиле. Не ни беше лесно да ја вратиме дома“, рече неименуван полицаец.

 

Scroll to Top