Инфлуенсер почина откако испил четири шишиња кинеска вотка за време на пренос во живо

Познатиот инфлуенсер Санкианге (34) починал откако испил повеќе од четири шишиња баиџиу, таканаречената кинеска вотка, за време на директен пренос на кинеската верзија на Тик ток Доујин.

На видеото може да се види како инфлуенсерот пие едно шише по друго без да застане, а подоцна тоа попладне бил пронајден мртов на маса во домот на пријател.

Еден пријател по презиме Жао рекол дека во тоа време повеќе од 100 луѓе се најавени во онлајн просторот за разговор за да го следат потфатот на инфлуенсерот. Тој, исто така, рекол дека Санкианге започнал да емитува во живо откако неговиот бизнис потфат пропаднал пред четири години и се специјализирал за онлајн натпревари во кои учесниците се обидувале да се надминат едни со други во пиење баиџиу.

Друго видео кое кружи на интернет кое претходно било емитувано покажува дека Санкианге истура две шишиња баиџиу во огромна чаша за вино што ја држи со двете раце пред да ја испие целата. Жао рекол дека Санкианге неодамна започнал со пренос во живо од соба која му ја дал еден пријател откако добил поплаки за бучава од неговите соседи.

Преносот во живо се одвиваше без никакви очигледни проблеми и ниту еден учесник не пријавил никаква загриженост. Меѓутоа, кога пријателот на Санкианге се вратил дома подоцна истиот ден, го нашол неподвижен и без пулс.

Смртта на инфлуенсерот предизвикала различни коментари на социјалните мрежи.

„Сето тоа го прават за награди“, „Какви луѓе уживаат да гледаат такви глупави потфати на инфлуенсери?“, се дел од коментарите.

Scroll to Top