Италијанец се ожени сам со себе за да ги израдува родителите

Нело Руџиеро од Италија се оженил сам со себе за да ги израдува родителите. Тој организирал прослава на која кажал дека никогаш не сакал некого повеќе од себе. Гостите што го чекале мислеле дека се дојдени за да го прослават неговиот 40. роденден. Кумови му биле братучедите, а тој си ставил и венчален прстен.

„Да се сакаш себеси е најубавото нешто што може да му се случи на човекот: само на тој начин може да се постигне внатрешен мир“, рекол Нело

Тој открил дека единствената причина за ова се неговите родителите кои се веќе стари.

„Бев единствениот ерген од пет браќа и сестри, сакав да ги убедам дека вака се чувствувам добро и не ми треба партнер во животот“, рекол тој.

Нело додал дека се решил на овој чекор бидејќи во општеството се маргинализираат луѓето што се сингл.

„Живееме во општество што ги маргинализира оние кои се слободни дури и во нивните 40ти години. Сакав да испратам порака, која очигледно беше добро примена: многумина подоцна ми се јавија да кажат дека сакаат да се венчаат сами, исто како и јас. Дури и оние кои се веќе во брак“, рекол Нело.

Scroll to Top