Јајце по глава за бебето да не бара цицка!

Нов марифет како да го одвикнете бебето од доење е новина на „Фејсбук“. Во една од женските групи на социјалните мрежи една мајка на 9-месечно бебе прашала што треба да направи за да го одбие бебето од доење. На ова прашање, еден куп стручни мислења од мајки доилки или оние кои успеале да го одбијат бебето од цицање. Меѓу сите овие коментари се провлече и интересен совет. „Свари едно јајце и удри му го трипати по тилот и речи му кога ќе си го видиш тилот тогаш да побараш цицка, и дај му го да го изеде и веќе нема да побара. Поздрав мајки“.

 

Scroll to Top