Полуфиналната пресметка меѓу Хрватска и Англија предизвикала голем интерес на британските медиуми за селекцијата на „коцкестите“, која на овој мундијал направи сензација.
Но, до средбата на овие две селекции повеќето Англичани не знаеле каде се наоѓа Хрватска.
Радио Би-би-си осмисли анкета во која ги прашал граѓаните дали може на мапата да им покажат каде се наоѓа оваа земја.
Just one day to go until England’s #worldcup semi-final!
But can you spot rivals Croatia on a map? 🇭🇷🔍#5liveBreakfast #bbcworldcup #ENG #CRO pic.twitter.com/Nb7gSu4JJj
— BBC Radio 5 live (@bbc5live) 10 July 2018
Граѓаните ги замолиле да им покажат од каде доаѓа нивниот противник во полуфиналето на мундијалот. Резултатот бил целосно разочарувачки.
И додека повеќето Хрвати на картата веднаш покажале каде се наоѓа Англија, Англичаните со препознавањето на Хрватска на картата имале доста проблеми.
Првата жена што ја прашале одговорила точно, а во својот одговор била прилично сигурна затоа што знаела дека Хрватска има долг брег. Но, другите анкетирани самоуверено покажале на Словенија.
Третата што одговорила на прашањето рекла дека донела групна одлука со другите други пријатели дека Хрватска има долг брег.
Четвртиот покажал на Албанија, а петтиот не бил 100 отсто сигурен.