Ќе се готват тестиси на „Мудијада“ во Кочани

„Мудијада“ е гурмански несекојдневен настан, фестивал за храна кој ќе се одржи во Кочани на 1 и 2 септември. На фестивалот ќе се готват јадења од бели бубрези, односно тестиси од животни. На менито се свински, телешки, јагнешки и од бик по разни рецепти, велат организаторите.

„Фестивалот на храна подготвена од бели бубрези претставува откривање рецепти од заборавени древни јадења, кои некогаш се подготвувале на овие простори. Малкумина знаат, на пример, дека Марко Крале јадел специјалитети богати со протеини кои се идеален афродизијак. Поентата е да собереме што повеќе древни традиционални рецепти, да ги оживееме, но и да се забавуваме“, велат од „Кмат бар“, каде што ќе се одржува гурманската манифестација. Оваа шегобијната манифестација се организира по идеја на „Мудијада“ во Србија, фестивал што таму се организираа неколку години по ред.

Цената на тестисите е симболична.

Scroll to Top