Маж ја тужел сопругата откако ја видел без шминка

Еден ден по венчавката, маж од Алжир решил да ја тужи својата сопруга за измама, откако ја видел без шминка по првата брачна ноќ, пишува сајтот „Емирати247“. Тој во тужбата навел дека „таа е многу помалку убава без шминката што секој ден ја става на лицето“. Од жената бара 20.000 долари за претрпен шок.

„Младоженецот му објаснил на судијата дека не ја препознал сопругата кога ја извадила шминката. Тој во прв момент дури и помислил дека станува збор за крадеш што влегол во нивниот дом“, пишува алжирскиот портал.

Scroll to Top