Маж на 99 години побарал развод од сопругата

По седум децении брак, 99-годишниот Италијанец Антонио поднел барање за развод од 3 години помладата сопруга Роза, откри претседателот и основач на Италијанската академија за брачни адвокати, Гијан Еторе Гасани.

Антонио и Роза се венчале во своите триесети години. Љубовта траела сè додека сопругот не ги открил писмата на Роза во кои дознал дека таа го изневерила. Иако измамата се случила пред 60 години, Антонио не можел да ѝ прости и поднел барање за развод.

Двојката има пет деца, десетина внуци и еден правнук. Тие се најстарата брачна двојка што некогаш поднела барање за развод.

Scroll to Top