Наместо деца, татковци менуваат сликички на фонтаната во Градскиот парк

Секоја недела на фонтаната „Лотосов цевт“ во Градскиот парк во Скопје дневен ритуал е менување на сликички со ликовите на фудбалерите од престојниот Мундијал во Русија.

На задолжителното неделно рандеву, не се само децата тие што се менуваат, туку честа глетка се возрасни мажи, татковци, па дури и дедовци кои доаѓаат на менување со сликичките.

Како наближува Светското првенство во фудбал, така на фонтана во Градски парк е сè поголема гужва. Интресни се коментарите на минувачите дека „наместо деца, возрасни мажи се заиграле со сликичките од фудбалерите“. Светското првенство во фудбал започнува на 14 јуни и ќе трае до 15 јули.

Scroll to Top