Покојничка оживеала па почнала да тропа од ковчегот среде погреб

Роза Изабела Сеспедес Калак успеала да се спаси во последен миг пред нејзиното семејство да ја закопа. Тие ја слушнале како почнала да тропа и сфатиле дека е жива.

Откако доживеала сообраќајка, лекарите потврдиле дека е мртва, пренесе „Мирор“. Роднините го носеле нејзиниот ковчег низ гробиштата, кога одеднаш ги слушнале звуците и тропањето од внатре. Откако го отвориле ковчегот, ја виделе Изабела жива.

Чуварот на гробиштата Хуан Сагундо Цајо рече дека таа ги отворила очите и дека се потела. Тој веднаш повикал полиција.

 

 

Scroll to Top