Струмичанка украла торба со девизи и ја закопала во двор

44 годишна струмичанка се сомничи за кражба откако од жител во село Старо Коњарево одзела чанта со пари во различни валути. Веста ја потврдија од МВР. Секторот за внатрешни работи Струмица поднел кривична пријава против З.Г од с.Старо Коњарево, оти се сомневаат дека сторила кривично дело кражба, велат од министерството за внатрешни работи.

Таа отишла во куќата на Л.А. во с.Старо Коњарево и му одзела чанта со пари во различни валути.

Полицијата ги пронашле парите закопани во дворот на струмичанката, веднаш до нејзината куќа и по овластување на Јавен обвинител биле вратени на оштетениот.

Scroll to Top