Стружанец изми кофа и четка за кречење во Охридско Езеро: пропстотилук пуштен на најјако

Фотографии на кои стружанец со кофа во раката истура бела течност во Охридско езеро се шири на социјалните мрежи. Корисниците коментираат дека ова е голем срам за езеро кое е под заштита на УНЕСКО.

„Си ја исчисти кофата и четката за кречење во Охридско Езеро и кога го прашав дали воопшто е свесен што прави, си ја наведна главата и си влезе во Хотел Бисер, каде што најверојатно кречат/реновираат. Не знам ни зашто постувам кога знам дека џабе е веќе се, само не знам од каде е она дека стално некој друг ни е крив“, стои во описот на фотографиите.

„Катастрофа, ситен збор за нас. Што народ бевме. Никад нема да ми биде јасно, а остарев“, „Сможивник без чувство за иднината“, „Овде простотилукот владее. На најјако. Свесност?- Во Трпејца шутот и ѓубрето го фрлаат сред езеро“, „Ама има знак за забрането бањање, затоа човекот таму си го исипа ваљакот и кофичката. Страшно, немам зборови“, коментираат корисниците на Фејсбук.

Scroll to Top