Уапсени бугарски фалсификатори кои имале пасош и со Силвестер Сталоне

Бугарските власти соопштија дека разбиле криминален синџир, и дека уапсиле шест лица кои фалсификувале евра и долари и бугарски документи со висок квалитет. Меѓу документите што се запланети е и лажен пасош со слика од Силвестер Сталоне. Според полицијата, овој пасош требал да ги воодушеви потенцијалните клиенти.

Бугарските власти извршиле претрес на 30 локации во заедничка операција со Агенцијата на ЕУ за полициска соработка (Европол) и тајната служба на САД, пренесуваат медиумите. Лицата се уапсени откако кај нив е пронајдена незаконска опрема за печатење пари и изработка на документи, но и големо количество лажни банкноти од 50 евра и 100 долари.

Scroll to Top