Откривањето на полот на бебето стана популарно низ светот, особено реакциите на идните татковци. Една од тие снимки стана хит на „Тик ток“, а видеото го видоа повеќе од 27 милиони корисници. На голем број им се допадна, но имаше и такви кои му замерија на таткото.
Со безбол палка чекаше сопругата да му го фрли топчето кое беше полно со сина прав. Кога дозна дека ќе добие син, таа тргна да го гушне, но место неа, тој почна да скока и да се радува со неговите другари. Кога го објавија видеото прочитаа голем број негативни коментари.
Многумина сметаат дека потегот му е непримерен, а таа пак им одговори дека сè што сака е само бебето да ѝ биде живо и здраво.
@hannah.j.c16 We’re sooo ready to meet you💙💙 @travisgober ♬ Boy – Lee Brice