(Видео) Американец во квиз Обама го помеша со Осама Бин Ладен

Натпреварувачите во популарниот американски квиз „Пирамида“, станаа хит  на социјалните мрежи.

Додека ја играа играта асоцијации за прашање од 50.000 долари, еден од натпреварувачите Еван Кауфман, кој беше во пар со познат музичар, направи гаф. На екранот се појави името Барак, а тој го помеша со Бин Ладен.

Квизот „Пирамида“ е еден од најпопуларните американски квизови, во кои натпреварувачите играат во парови со познати личности од јавниот живот на САД.

Scroll to Top