(Видео) Бојко Борисов тврди дека Бугарија е спремна за коронавирусот, па маската ја стави преку очи

Бугарскиот премиер Бојко Борисов вчера изјави дека Бугарија е спремна да се справи со коронавирусот, но наместо заштитната маска да ја стави на уста, тој ја стави преку очите. Видеото на кое бугарскиот премиер не знае да ја намести маската стана хит на социјалните мрежи. „Борисов не може да се заштити самиот, не па нацијата“, велат твитерџиите. „Некој требал да го подучи како се става маска пред цела Европа да почне да му се смее“, коментираат.

 

„Што сè не преживеавме, ќе го преживееме и ова. Паника, хистерија, купување продукти… Храна има. Во Бугарија и во Европа има храна – конзервирани производи, леб, брашно, резервите се огромни”, изјави вчера Борисов.

Во Бугарија во моментот има 23 заболени од коронавирусот.

Scroll to Top