(Видео) Духот на Марадона спречи да загубиме од Ривер: Фановите на Бока веруваат дека починатиот фудбалер одбранил гол

По дербито меѓу Бока јуниорс и Ривер плата кое вчера заврши нерешено 1-1, фановите на Бока велат дека не загубиле оти духот на Марадона одбранил чист автогол. Пред крајот на натпреварот, Бока за малку ќе си дадеше автогол, топката го помина голманот, се движеше кон празниот гол, но тргна наназад, пак помина покрај гол линијата и на крајот не влезе во голот. По ова навивачите на Бока јуниорс на социјалните мрежи пишуваат дека нема друго објаснување за топката што се враќа назад, освен духот на Марадона кој го одбранил голот.

https://twitter.com/Guayaco__2020/status/1371232864822509574

Scroll to Top