(Видео) Гаф на Ненси Пелоси, американската политичарка небаре е робот, направи грешка како во филмот „Матрикс“

By

Американската политичарка од редовите на демократите и спикер во Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, стана хит на социјалните мрежи, поради нејзиниот необичен настап во едно телевизиско интервју. Многумина и коментираат дека изгледало речиси како робот.

Целата ситуција ја споредуваат со компјутерски глич во филмот „Матрикс“.

Компјутерски глич е грешка во кодот, која влезе во жаргон по големиот филмски хит „Матрикс“, а видлива е кога ќе се појави и ќе се повтори во дел од секундата.

Сè беше во ред додека одговараше на прашањето на новинарот од „АБЦ њуз“. Но, откако новинарот ѝ постави потпрашање, таа изгуби континуитет на мислата и одговори со „Добро утро, неделно утро“, а потоа трепна и продолжи да зборува за нешто што немаше врска со прашањето.

Нејзиниот гаф фрли сенка на приказната за покренувањето на импичмент над Трамп, односно иницијативата за негова смена. Така Пелоси стана главна тема во предизборната кампања, која во Америка веќе се вжештува.

 

Ќе ви се допадне