(Видео) Германски полицајци со линијари мерат растојание меѓу граѓаните на протест

Полицајците во германскиот град Франкфурт почнаа со линијари да го мерат растојанието меѓу луѓето. Тие мереа колку луѓето се оддалечени еден од друг за време на еден протест против воведувањето на ковид-мерките и пропусниците.

Беше објавено и видео од полицијата. Иако не може точно да се утврди кој стои зад него, истото многу брзо се рашири на социјалните мрежи, а се претпоставува дека е направено за време на демонстрациите во саботата.

На него полицијата со линијари се обидува да утврди дали се почитува растојанието од 1,5 метри. Но, за да го утврдат тоа, тие самите мораат да им се приближат на демонстрантите на помала оддалеченост, па многу истакнаа дека ваквата мерка нема никаква смисла.

Сепак полицијата од Франкфурт се пофали на „Твитер“ дека со помош на специјалните помагала, како линијарите, може да се измери физичкото растојание меѓу граѓаните. За потсетување, на собирот присуствуваа околу 200 луѓе, а полицијата извести дека протестот поминал мирно.

Scroll to Top