Жители на село во Романија гласале за стариот градоначалник, Ион Алиман, иако тој починал пред две недели од коронавирусот, пишува Ројтерс. Според податоците на Државната изборна комисија, Алиман победил тетпат во трката за градоначалник на селото Девесело со 64 отсто од гласовите.
Па откако завршиле локалните избори, десетина луѓе запалиле свеќи на гробот на социјалдемократот и му ја честитале победата.
„Ова е твоја победа. Знам дека ќе бидеш горд на нас. Почивај во мир“, рекол еден од селаните.
„Не верувам дека повторно ќе имаме ваков градоначалник“, изјавила за тамошните медиуми жителка на селото, кое брои 3.000 жители.
Алиман починал на 57 години во болница во Букурешт, но неговото име веќе се наоѓало на гласачкото ливче и не можело да го тргнат, објасниле од Изборната комисија. Оттаму рекле дека во тоа село ќе се оддржат нови избори.