(Видео) Крадец сакаше да ограби златарница, ама не успеа да го скрши стаклото

Крадец во Висконсин сакаше да ограби златарница среде бел ден, во предградието на Милвоки. Тој заврши неславно, откако не успеа да го скрши стаклото од витрината со скапоценостите.

Се обиде да го скрши стаклото фрлајќи со цигла неколкупати, но безуспешно. Стави и очила за сонце за да не го погоди стаклото во очи. На крајот работничката во златарницата го избрка со метална прачка.

Крадецот последен пат е виден како влегува во автомобил без регистарски таблички. Полицијата го објави видеото сметајќи дека на тој начин побрзо ќе го фатат.

Ваквите грабежи стануваат сè почести во Лос Анџелес, Сан Франсиско и Њујорк. На мета обично се продавниците со луксузна стока, а крадците сè почесто упаѓаат во нив сред бел ден, земајќи сè што им се најде пред очи, било да е тоа облека или накит.

Scroll to Top