Маж и жена имаа секс на трибини за време на натпревар по бејзбол во САД. Полицијата објави фотографијата од нив и рекоа дека можат да се соочат со затворска казна.
Двајцата имаа секс за време на натпреварот меѓу „Оуклонд атлетико“ и „Сиетл Маринерс“ во „Ринг Централ Колосеумот“ во Калифорнија. На интернет се појави и видео од нив двајцата снимено од спротивната страна на стадионот.
Сè уште никој не е уапсен. Од полицијата велат дека можно е да се соочат со казна затвор од шест месеци и парична казна од 1000 долари. Тие велат дека не биле известени за нив, сè до крајот на натпреварот.
„Почнавме со истрага. Засега лицата не се идентификувани и никој не е уапсен во овој момент“, рече портпаролката на полицијата, Кандис Кис.
За потсетување видеото се појави по победата над Сиетл од 5:3. И двајцата беа изолирани на трибините, а натпреварот го гледаа едвај 9000 лица.
How can you not be romantic about baseball? pic.twitter.com/3gCJeWHw5O
— Baseball Is Dead (@baseballisdead_) August 22, 2022