(Видео) Маж преку „Гугл мапс“ дознал дека жена му го изневерува

Перуанец дознал дека сопругата го изневерува кога ја видел на „Гугл мапс“. Мажот, чие име не се открива, преку популарната апликација ги разгледувал улиците на Лима, главниот град на Перу, кога ја забележал својата сопруга со друг маж.

Камерата снимила како таа седи на една од клупите покрај мостот „Пуенте де Лос суспирос де Баранко“, и во скутот му ја држела главата на мажот што бил со неа. Иако лицето ѝ било замаглено, сопругот ја препознал по облеката. Жената првин негирала, но кога ѝ ја покажал снимката, го признала неверството. Мажот по ова, поднесе документи за развод.

Scroll to Top