(Видео) Метрологијата не била наука за времето, грешно сум мислел досега, рече Селами новиот директор на Бирото за метеорологија

Авдуљ-Селам Селами, екс заменик-директорот на УЈП, е нов директор на Бирото за метрологија.

Селами рече  дека досега погрешно мислел оти оваа државна институција ги следи метеоролошките промени и дека ова е наука за времето.

„Метрологијата е наука за мерењата, метрологијата нема врска со временска прогноза во која што и јас, очигледно да ви кажам, до пред некое време грешев, мислев дека е наука за времето“, рече Селами. Видеото се споделува по социјалните мрежи. Тој по професија е правник, а негово прво вработување било инспектор во УЈП.

 

Scroll to Top