(Видео) Младо момче од Босна доживеа мала незгода во продавница

Британски „The Independent“ на својата Фејсбук страница објави видео од незгода која му се случило на едно момче од Босна.

Како што пренесува „Дневни аваз“, видеото го снимил Босанецот Фехим Хоџиќ, а на него може да се види неговиот помлад брат. За време на посетата во еден дуќан, во Малезија, момчето сакало да ја турне вратата, но поради тоа што таа немаше стакло, тој пролета низ неа.

Неговиот брат во тој момент го направи она што секој брат би го направил во слична ситуација. Му се изнасмеал.

На својот профил на Инстаграм Фехим има уште неколку снимки во кој главна ѕвезда е неговиот помлад брат.

Видеото кое го обајвил „The Independent“, досега го имаат погледнато околу милион луѓе.

Scroll to Top