Орангутан, човеколик голем мајмун, познат по својата интелегенција и единствен постоечки вид од родот Понго, денеска живее само на Борена и Суматри. Во зоолошката може да се забележи дека на него никој не внимава. Снимката од зоолошката Бандунг во Индонезија предизвика бес во јавноста, а на него може да се види орангутан кој пуши цигара.
Камерата го забележала моментот кога еден од посетителите на зоолшката ја фрла цигарата на орангутанот, кој ја зима и почнува да ја пушти.
Видео снимката со голема брзина се прошири на социјалните мрежи, а од зоолошката градина стинало соопштение дека им е жал.
Тие образложиле дека постои можност да чуварот во тоа време бил на пауза. Воглавно, како што велат, постои предупредување видливо за посетителите, во кое истакнува дека е забрането да им се дава храна или цигари на животните.
Оваа золошка градина повеќе пати била критикувана поради односот кој го има кон нејзините животни, со тоа што ги изгладнува, и разболува.