(Видео) Поради гримаса, Филип Вујановиќ стана главен на „Фејсбук“

Откако Мило Џукановиќ однесе убедлива победа на претседателските избори во Црна Гора, на социјалните мрежи се појави снимка од претседателскиот кандидат Филип Вујановиќ.

Видеото е споделено на страницата на  Подгорички времеплов на „Фејсбук“.

Што се случило за претседателот да направи ваква гримаса, никој не знае, но веднаш потоа се појавиле духовити коментари како – „Она кога ќе сфатиш дека си останал без работа“, „Она чувство кога ќе се прашаш што ќе работиш од утре“, „Се сетил дека  не ја изгаснал пеглата“, „Кога те зеза професорот кој ќе те бутне на крајот на годината“.

 

 

Scroll to Top