(Видео) Никола Јокиќ го насмеа судијата со неговиот танц на теренот

Српскиот кошаркар и НБА играч на Денвер, Никола Јокиќ, кој е познат по своите кавги со судиите, овој пат тоа не беше случај. Пред мечот со Клиперс Србинот направи циркуз на теренот и никој не одолеа на неговиот хумор, најмалку главниот судијата.

За потсетување, Денвер го победи Клиперс со 103:100, а Јокиќ оствари дабл дабл учник од 26 поени и 22 скока. На тоа додаде уште 8 асистенции, 2 блокади и 2 украдени топки.

Со тоа, Јокиќ се искачи на првото место во историјата на Денвер Нагетс со 20 + 20 и му го сруши рекордот на Маркус Камби. Од 1998-ма година не се случило некој во НБА да постигне 20 поени, 20 скока и 5 асистенции. Последниот на кој му успеало тоа е Чарлс Баркли.

Scroll to Top