(Видео) Пејачка се соблече и ги покажа градите среде емисија во живо

Познатата мексиканска пејачка и глумица Ниурка Маркос (53) се разголе за време на гостувањето во емисијата „Де Примера Мано“. Таа ги покажа градите додека емисијата одеше во живо.

Режијата бргу успеала да реагира и да пушти друг кадар од студиото, а водителот Густав Адолфо Инфанте мораше на крајот да им се извини на гледачите.

Тој рече дека не знаел оти Ниурка планирала да направи вакво нешто. Пред да се разголи, тие разговарале за нејзиниот одмор на една нудистичка плажа во Мексико. Таа рече дека се сликала топлес, а фотографиите ги објавила на интернет.

Ниурка е позната во јавноста по учеството во шоуто „Големиот брат“ во Мексико од 2004 година, а зад себе има три брака и три деца.

Scroll to Top