(Видео) Полицијата во Канада го сопре Бетмен

Полицијата во канадската провинција Онтарио среде автопат сопрела возило од кое излегол човек облечен како Бетмен. Автомобилот кој наликувал на бетмобилот од популарниот филм, со голема брзина поминал покрај полицијата, а тие по куса бркотница го стигнале и го запреле. По разговорот со полицајците, Бетмен се вратил во возилото и си го продолжил патот.

Полициската бркотница со возилото на Бетмен ја снимиле случајни минувачи.

Scroll to Top