(Видео) Попови се возеа низ Велес и Кавадарци, го бркаа коронавирусот

Попови качени на камиони, денес со крстена вода прскаа по улиците на Велес и Кавадарци за да го избркаат коронавирусот. Во Кавадарци се читаше и молитва „за Бог да помогне и да го исчисти вирусот и сите неволји околу нас“, рекоа свештениците од кавадаречките цркви „Света Петка“ и „Свети Димитрија“ и ваташката црква.

Видеата од поповите што читаат молитва и прскаат со крстена вода се споделуваат и на социјалните мрежи. Некои коментираат дека во „вака тешко време треба да пробаме сè за да се спасиме“, а други ја тераат работата на шега, па велат дека треба „цела држава вака да се дезинфицира.“

 

Scroll to Top