Тик-ток корисничка направила лажна свадба за да ја види реакцијата на својот бивш дечко. Но тој иако ги погледнал нејзините сториња на Инстаграм, не ни ѝ честитал.
За оваа луксузна лажна свадба не само што ангажирала професионален фотограф, професионален шминкер и фризер, туку најмила и коњ за фотографирањето. Купила бидермаер, пијано, венчаница, комплетна шминка и лажен сопруг.
Таа се присети на оваа случка на оваа социјална мрежа.
„Кога ќе ми текне дека направив лажна свадба и имав ангажирано фотесесија само да за да ми се јави“, напиша таа во видеото.
@dieschaklin Worst part is he watched my story and still didn’t reach out 🥴🥴🥴 #fyp #sundayroutine#styleinspo #dayinmylife #foryou #godblessme #godhelpme ♬ Insane – Summer Walker
„Сѐ што требаше да направите е да ја фотографирате свршувачката, штом ќе се омажите – готово е“, „Сѐ ми е јасно, но зошто го вмешала коњот во сето ова?“, „Зошто би ѝ се јавил мажена жена“, се само дел од коментарите под видеото.