(Видео) Редар нокаутира американски маринец пред ноќен клуб

Редар од пред диско во градот Дарвин во Австралија нокаутира американски маринец, откако војникот претходно му се заканувал.

„Знаеш ли што можам да ти направам. Јас сум обучен маринец“, му рекол Глен Томасон и почнал да го провоцира членот од обезбедувањето пред диското Хајден Роберт Брус Самерс. Овој реагирал и го нокаутира во истиот момент.

На судењето е објавена и снимката од безбедносните камери од пред клубот, на која се гледа како маринецот му вика Самерс и замавнува со раката пред неговото лице. Самерс пак откако го удрил, почнал да му дава прва помош.

На судењето, Самерс рече дека не е виновен и дека реагирал во самоодбрана. Неговиот адвокат рече дека маринецот бил агресивен и дека ја предизвикал кавгата. Му се заканувал дека ќе го убие затоа што бил маринец.

Објаснил дека Самерс само се обидувал да ја смири ситуацијата, но на крајот во самоодбрана му удрил шлаканица доволно силна за да падне на земја. Томасон се онесвестил откако удрил со глава на плочникот. Обвинителството пак бара строга казна за Самерс.

Велат дека употребил непотребна сила и дека можел да го убие Томас. За потсетување, околу 2000 американски маринци се стационирани во базата во Дарвин.

 

 

 

Scroll to Top