(Видео) Русин потстрижува коса со секира

Фризерот Данил Истомин од рускиот град Новосибирск стана популарен поради својот невообичаен начин на потстрижување. Тој користи секира и притоа објаснува дека тоа е едноставна метода за која не е потребно ништо друго осен познавање геометрија.

Во својот салон има дрвена површина на која муштеријата ја става главата за тој да може да има подобар пристап до косата. По грубото потстрижување, Данил преминува на финеси и ја завршува фризурата користејќи спрејови и препарати како сите фризери.

Данил не е првиот кој ја применува оваа застрашувачка техника на работа. Во текот на 30-те и 40-те години од минатиот век било сосема вообичаено косата да се крати со секира.

Scroll to Top