(Видео) Сопругата Антонела се збуни па место Меси го прегрна неговиот соиграч Жорди Алба

Сопругата на Лионел Меси, Антонела Рокузо, на последниот натпревар на Интер Мајами, излезе на теренот, но се збуни, па место сопругот по грешка го прегрна неговиот соиграч Жорди Алба.

Кога Антонела свати дека погреши, му се насмевна и продолжи понатаму, а видеото стана хит на „Твитер.

За Жорди Алба и Меси ова беше 351. натпревар што го одиграа заедно, а претходно заедно играа и во Барселона. За потсетување, Меси и Антонела се познаваат од деца, а се венчаа во 2017 година.

Заедно имаат три сина Тиаго, Матеа и Сира. Меси имал само девет години кога прв пат и објавил љубов, ном освен нивните најблиски, никој не знае точно кога ја започнале врската.

Scroll to Top