На Фејсбук страницата „Live from Greece“, се појави снимка од една плажа во летувалиштето Полихроно, на која туристи од Србија почнале да играат српско оро.
Србите сакаат да летуваат во Грција и го користат секој момент да ги покажат играчките умешности.
Додека сонцето силно грееше, група на луѓе се фатиле во колото и покажале дека знаат да уживаат во секој момент.
Тие играа меѓу лежалките среде плажата, додека ги пратеше момче на хармоника.