(Видео) Средношколец со трактор се појави на матура

Матурант од Велика Кладуша во Босна и Херцеговина стана хит на интернет откако на прославата дојде со трактор. Додека многумина го критикуваа, имаше и такви кои коментираа дека дошол со стил и му честитаа за оригиналноста.

„Секоја чест, браво, вистински домаќин“, му коментираа тие.

Имаше и такви кои рекоа дека матурантот е доказ дека не треба да се потрошат многу пари за добра забава и дека во иднина доаѓањето со трактор на матура би можело да стане пракса на Балканот.

Минатата година во населбата Железник во Белград, биле снимени тројца матуранти како со трактор дојдоа на паркингот пред основното школо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NOVI GRAD INFO (@novi_grad_info)

Scroll to Top