(Видео) Старица со часови стоела со фудбалски навивачи, мислела дека чека ред за вакцина

Старица во Шпанија, која неколку часа чекала ред да се вакцинира, случајно дознала дека е на погрешно место и дека стои помеѓу група навивачи што чекаат да купат билети за натпреварот Картагена – Валенсија. Грешката ја открил репортер што снимал прилог за еуфоријата меѓу навивачите на шпанскиот второлигаш Картагена, кои требало да играат со повеќекратниот шампион Валенсија.

„Претпоставувам дека сте тука да купите билети за овој голем натпревар“, ја прашал репортерот старицата.
„Не, јас сум тука за вакцина против короната“, рекла жената.

Видеото е хит на „Твитер“.

Scroll to Top