(Видео) Тренерот на „Ѕвезда“ не може да се концентрира од деколтето на колешката

Тренерот на фудбалскиот клуб „Црвена Ѕвезда“, Владан Милојевиќ, имаше потешкотии да остане концентриран на почетокот на прес-конференцијата во пресрет на мечот со Хелсинки во второто претколо во Лига на шампиони. Проблемот се појави откако до него седна згодната колешка со длабоко деколте Татјана Шајковиќ.

Татјана работи како портпарол во клубот и додека го најавуваше мечот, Милојевиќ се препотуваше, го тргаше погледот, правеше сè само за да не ја гледа во градите.

На почетокот на пресот, сепак, камерите го фатија како за момент се загледува. До крајот на конференцијата тој успеа да се контролира и да се однесува како професионалец.

Татјана стана позната меѓу фановите по неколкуте претходни преса со тренерот на Ѕвезда, Милојевиќ.

Scroll to Top