(Видео) Владин службеник имаше секс со секретарката среде состанок на „Зум“

Поради корона вирусот ширум светот се применуваат разни платформи за онлајн состаноци, ама  понекогаш се случуваат неочекувани работи.

Владин службеник од Филипините бил фатен како имал секс со неговата секретарка додека бил на онлајн состанок преку „Zoom“ со неговите колеги.

Членовите на советот во селото Фатима Дос, во Хавите, го чекаа почеток на конференцијата, а нивниот шеф, Хесус Естил, овојпат доцнеше. Кога Естил се појави на состанокот, тој го притисна погрешното копче и ја остави камерата и додека разговараше со колегите, во исто време имаше секс со секретарката, чиј идентитет не се открива.

Неговите колегите, кои беа изненадени, ја видоа целата сцена, пишува „Дејли Меил“. Веднаш по објавување на видеото, реагираа надлежните и веднаш го разрешија Естил и неговата секретарка.

„И покрај тоа што службеникот се извини, тоа не е така едноставно. Двајцата беа во нивната канцеларија кога видеото беше објавено.Тие веќе се отпуштени“, рече Ричард Геронимо, шеф шеф за жалби и поплаки во Фатима Дос.

Scroll to Top