Загребчанец неодамна освои милион куни, околу 130.000 евра, објави Хрватската лотарија. Но, главна тема меѓу твитерашите беше неговата реакција по освоената нгарада. Остана толку смирен, како ништо да му се нема случено.
„Знае дека даночната служба ќе му земе сѐ. Знае дека е инфлација. Милион горе, доле. Што сега?Лицето на човекот кој сега сите го знаат дека собрал милион. 300.000 ќе му одат на даноци, му останале уште 700.000 што ќе бидат доволни за едно патување до продавница. Ќе ги врати минусите, кредитите и некои ситници и ништо повеќе“, се само некои од коментарите на „Твитер“.