Еден полицаец во Индонезија доживеал голема непријатност кога запрел жена на мотоцикл поради тоа што не носела кацига на главата.
Поради тоа што го прекршила законот, возејќи мотор без кацига, полицаецот ја запрел и ѝ побарал документи за да ѝ напише казна. На тоа жената почнала да го оттурнува и да вика: „Ти купи ми кацига!“
Тој продолжил да инсистира и повторно ѝ побарал возачка дозвола и документи. На крајот жената седнала на моторот и се обидела да побегне. Во обид да ја спречи полицаецот застанал пред моторот.
Таа на изненадување на присутните скокнала и почнала да го гризе за раката.
Иако многу го здоболело, тој се обидел да остане смирен, па на крајот дури и се насмеал.
Видете: