Колку често треба да ја шишате косата според типот на коса

By

Секој од нас го следи правилото дека најправилно е косата да се период од 6-8 недели, но не може да важи за сите текстури и должини на косата. Еве колку често треба да ја шишате косата според видот и должината на вашата коса.

1. Природна, необоена, коса – 12 недели

Нетретираната, природна и необоена коса е всушност најздравиот тип на коса. Ако сте во раните 20-ти години, а вашата коса никогаш не била фарбана или изложена на прекумерна употреба на алати за топлина, може да потрае и до 3 месеци од фризура до фризура, без ризик од неуредна или сува коса.

2. Долга права или брановидна коса – 8 до 12 недели

Ако ја третирате долгата коса како кожата – ја хидрирајте со маски, поретко користите апарати за топлина, тогаш можете да почекате 8-12 недели до следната фризура. Овој облик на коса нема специфична форма која бара често одржување, и доколку е правилно одржувана, овој тип на коса нема да пука или да се крши.

3. Тесни, мали кадрици – 12 недели

Доколку имате покадрава коса, општо правило е да ја кратите на секои 3 месеци. За време на овој период ќе ги забележите расцветаните краеви. Ако сакате да ја сочувате должина, а сепак да ја скратите косата – побарајте од фризерот да сече само половина сантиметар при секоја посета. 

4. Средни тенки кадрици – 8 до 12 недели

Бидејќи жените со кадрава коса се грижат многу повеќе за неа – овој тип на коса е обично здрав. Два до три месеци помеѓу двете фризури е сосема безбеден период. Луѓето со потенки кадрици треба да се шишаат на околу 8 недели.

5. Долга слоевита коса – 6 до 8 недели

За оваа категорија на коса, фризерите предлагаат да ја сечете на 6-8 недели. Ова е доволно долг период за вашата коса да порасне, и доволно кратко за прамените околу лицето да останат во форма.

6. Слоевита коса – 6 недели

Првата недела од фризурата: степените имаат текстурален изглед. Четврта недела: степените имаат жив, секси изглед. Недела 8: Степените имаат растргнат неуреден изглед, како опашки од глушец. Фризурите со многу слоеви и степени со различна должина бараат фризура во времетрање од 6 недели, со цел секогаш да изгледате свежо.

7. Боб или лоб – 6 недели

Јасните, остри краеви растат многу убаво, така што геометриски исечената страница со А-крој без стрмна фризура може да трае околу 6 недели.

8. Тенка права или брановидна коса – 4 до 6 недели

Тенката коса може да биде навистина заморна – може косата да ви изгледа со недели полна и свежа, а потоа да се разбудите едно утро и да сфатите дека имате безживотна, леплива коса. Предизвикот со тенка коса е тоа што фризурата треба постојано да се преобликува, без премногу да ја кратите. Затоа почекајте 4-6 недели пред да ја смените фризурата.

9. Кратка коса – 4 недели

Кратка коса, пикси, андеркат – каков и да е видот на кратка фризура, растот на косата целосно ќе ја расипе својата форма, па затоа е потребна фризура на секои 4 недели. Иако изгледа како огромна обврска, сепак полесно е еднаш месечно да одите на фризер, отколку да чекате 8-12 месеци.

10. Оштетена коса – 4 недели

Лошата вест е тоа што не постои начин да го вратите оштетувањето на косата предизвикано од хемиски процеси, боење или термичко обликување. Но добрата вест е дека редовните месечни фризури постепено можат да го намалат оштетувањето на косата, бидејќи ќе добие доволно време да се регенерира.

11. Шишки – 2 недели

Ако вашите шишки се оние кои одат странично, можете да продолжите периодот помеѓу двете фризури малку подолго. Но, острите, тапи или прави шишки – мора да ги кратите и обликувате на секои две недели, за да го одржите изгледот уреден.

 

 

Ќе ви се допадне