Маска од ориз: тајната на младешкиот изглед на јапонските жени

Оризот се смета за лековит козметички производ. Богат е со витамини Б, кои го стимулираат растот на клетките, го забавуваат нивното стареење и го подобруваат снабдувањето со крв на кожата. Маската од ориз се користи многу векови и велат дека тоа е тајната на убавината и младешкиот изгледа на јапонските жени.

За да ја подготвите оваа маска, потребни ви се ориз, млеко и мед. Потоа кожата ќе ви стане нежна, многу мека и светла.

Две-три лажици ориз сварете го на вообичаен начин сè додека не омекне добро. Течноста, која ќе ја користите подоцна, процедете ја и оставете ја во посебен сад. Исплакнете го варениот ориз со вода, исцедете го, па додадете 1 лажица топло млеко. Промешајте ја смесата додека не се изедначи, па додадете и 1 лажица мед. Нанесете ја маската во подебел слој на исчистената кожа на лицето и вратот. По половина час, внимателно извадете ја маската и измијте ја со водата од ориз.

Водата од оризот можете да ја чувате во фрижидер четири дена. Користете ја наутро и навечер како лосион за лице. Можете да ја замрзнете и да ја користите како коцка мраз за да го избришете лицето.

Scroll to Top