Адријана Лима ги открива тајните на најубавите Бразилки на светот

Бразилскиот топ-модел ги открива своите ритуали во негувањето на лицето, телото, како и несекојдневните потези во шминкањето, а зборува и за навиките во исхраната и вежбањето поради кои и понатаму е многу барана манекенка во светската модна индустрија.

Не е тајна дека Адријана Лима (39) е една од најубавите жени на светот. Кога поранешната сопруга на Марко Јариќ ќе ја видиме потполно средена на црвениот тепих, но и кога ќе објави фотографии без шминка на „Инстаграм“, после напорниот тренинг, познатата Бразилка еднакво сјае со сјај на негувана жена.

Секако дека во нејзината богата кариера, работејќи со најпознатите експерти од областа на „мејк-апот“, козметичари и фитнес гуруа научила многу трикови. Затоа мајката на двете девојчиња со јавноста ги сподели своите 10 омилени тајни за убавина

Производ за убавина кој мора да го имате

  • Мојата тајна можеби некому ќе му звучи чудно, но јас никогаш не ја симнувам маскарата од трепките, особено во текот на летото, само ја додавам. Некогаш намерно со маскарата го допирам работ од окото, односно делот од кожата на капакот кој е најблизок до окото како таа би делувала малку неуредно. Мене ми се допаѓа тоа, мислам дека со маскарата, одлично оди правилото „повеќе е повеќе“.

Инстант сјај на лицето

  • Доколку сакате кожата да ви изгледа нашминкано, а со здрав и привлечен сјај, кој е особено важен налето, измешајте илуминатор или хајлајтер, секако некаков светкав производ, со вашата дневна крема. Ќе ви даде прекрасен, дискретен и природен сјај.

Двојна намена

  • Кога сакам свеж и одморен, но младешки изглед, земам малку црвен или розов кармин и со врвовите на прстите го нанесувам на јаболчниците. Исто така, и обратно: некогаш земам кремаво руменило и го мачкам на усните, кое често се стопува со мојата природна нијанса на усните и тоа изгледа доста природно.

Навлажнете го моливчето за очи

  • Многу жени имаат проблем да нацртаат линија околу очите затоа што моливчето им е премногу суво. Поради тоа сум пробала малку да го навлажнам, и сфатив дека на тој начин многу подобро и полесно се исцртува, а и дека линијата која се црта на тој начин е многу попрецизна.

Боровинки, капини и зеленчук

  • Капините, боровинките и зеленчукот подготвени на пареа би требало да биде вашата здрава ужина. Барем јас така правам кога внимавам на исхраната. Јадам шпагети, спанаќ, а боровинките и капините помагаат при согорувањето на масните ќелии во организмот, па затоа навалете на нив, наместо на чипс!

 

View this post on Instagram

 

It’s finally here! New CLUB LIMA collection with @PUMA 🥊#ALxPUMA

A post shared by Adriana Lima (@adrianalima) on

Тренинзи за најдобри резултати

  • Сакам да се потам, обожавам напорни тренинзи. Прескокнувањето јаже е идеална вежба, можете да го однесете и на патување, но минимум треба да скокате 10 минути. Ќе изгубите еднакво калории како да сте трчале 35 минути. Кога прескокнувам јаже саат време, тогаш губам околу илјада калории.

Совршено за коса

  • Доколку сакате косата побрзо да ви расте, купете масло од семе од лен или мелено ленено семе, па додадете го во оброкот. Косата ќе ви биде посјајна и поздрава!

Не морате да миете коса секој ден

  • Ако имате сува коса како мене, не морате да ја миете секој ден. Ако имате екстремно сува коса, ќе ви биде доволно миење еднаш неделно. Ако многу се потите, користете сув шампон.

Спас за влакната

  • Креатинското исправување на косата се покажа како олично за мојата брановита и сува коса. Одам на третман на секои два месеци и влакната од тоа ми се посјајни.

Нахранете ја кожата одвнатре

Многу е важно е да не јадете брза храна, сиромашни нутриенти и витамини, затоа што кожата, ноктите и косата ќе ви блескаат доколку ги внесувате сите потребни состојки низ здравата храна.

Scroll to Top