Бебешка пудра во чевлите, кокосово масло на лицето: 10 корисни совети за убавина

Секоја жена сака да изгледа најдобро, секогаш. Без разлика дали се работи за излегување во шопинг, дружење со пријатели или тренирање во сала. За жал, поради зафатен и брз живот, скоро никогаш немаме време за себе.

Следниве неколку корисни совети за убавина може да и го олеснат животот на секоја жена.

1. Етерични масла од цимет и нане можат да ги направат усните полни и светли. Ако не сте алергични на овие состојки, можете да додадете неколку капки масло во сјајот за усни.

2. Кокосовото и маслиновото масло се одлични за отстранување на водоотпорна шминка.

3. Ако пудрата за лице е премногу густа, можете да се разреди со навлажнувачки креми за лице.

4. За сјаен и свеж тен, треба да се нанесе малку хајлајтер на најистакнатите делови на лицето (јаболчниците, брадата, челото). Хајлајтерот се нанесува над веѓите за визуелно да ги подигне веѓите и очните капаци.

5. За оние кои сакаат светла, блескава кожа, треба да се измеша една лажица сода бикарбона со гел за миење на лицето или млеко за чистење на лицето. Оваа смеса се нанесува на лицето, нежно се масира неколку секунди, а потоа се плакне со топла вода. Процесот се повторува 2-3 пати неделно.

6. Ако омилен лак  за нокти се засушил и не можеме да го отвориме, проблемот може да го решиме со топла вода. Шишето со лак се става во топла вода неколку минути, а потоа откако ќе го извадеме го, протресуваме и од него треба веднаш да се нанесе додека сè уште топло шишенцето.

7. Ако пред спиење на врвовите на косата се нанесе класичен крем за нега на кожа, косаѕа ќе биде сјајна и мазна.

8. За да спречиме појава на плускавици, кога носиме нови чевли, треба да се стави во нив малку бебешка пудра во прав.

9. Мозолчињата секогаш се појавуваат кога најмалку ни се потребни. Треба да се потопи памук со капки за очи, да се стави во замрзнувач неколку минути, а потоа нежно да го притиснеме врвот на мозолчето. За 20 минути, крвните садови ќе се стегнат, а црвенилото и воспалението ќе исчезнат.

10. Ако ставиме малку вазелин на кожа, пред да го нанесеме омилениот парфем, мирисот ќе трае подолго. Вазелинот се користи и за брз раст на трепките и вегите, потребно е само секоја вечер да се намачкаат со него.

Scroll to Top