Фризурите за жешките летни денови треба да се прават бргу за да бидат практични и издржливи.
Ние ви даваме неколку идеи како да изгледате секогаш одлично во текот на летото, без многу напор.
Фризури за летни денови
Свиткана ниска пунџа
Врзете ја косата во ниско опавче, а потоа извртете ја косата спротивно од стрелките на часовникот. Направете пунџа и закачете ја со шноли.
View this post on Instagram
Вселенски пунџи
Веројатно најлесната и најефективна фризура. Со минимален напор добивате шик изглед.
View this post on Instagram
Кркми и плетенки
Ниската пунџа во комбинација со плетенка во предниот дел дава префинет изглед, погоден и за дневна и за вечерна варијанта.
View this post on Instagram
Високо коњско опавче
За совршено високо опавче, добро затегнете го гуменото ластиче и залижете ја косата со густ чешел. Залижете ги деловите од косата што паѓаат со помош на стара четка за заби, на која претходно сте испрскале малку лак за коса.
View this post on Instagram
За покуса коса
Користејќи шноли, закачете ги погорните слоеви на косата со извртување на прамните. На крајот украсете ја со шнола и подготвени сте за излегување!
View this post on Instagram
Помодерно коњско опавче
Она што е супер кај оваа фризура е тоа што е неверојатно едноставна и ефикасна. Врзете ја косата во опавче, а потоа врзете еластични ластичиња по целата должина.
View this post on Instagram