Диетата на Брижит Макрон за топ-тело

Првата дама на Франција, Брижит Макрон, во април наполни 67 години. И покрај возраста, поранешната професорка нема никаков проблем со тежината, ниту со вишок килограми. Во јавноста најчесто носи куси здолништа или тесни панталони, што одлично одговараат на нејзината фигура. Прашана за изгледот, Макрон вели дека, освен генетиката, големо влијание има и начинот на исхрана.

Брижит признава дека е старомодна кога станува збор за исхраната. Таа не е приврзаник на ниту една од популарните диети што ги следат светските ѕвезди. Нејзиното секојдневно мени се состои од 10 сезонски овошја и зеленчуци. Никогаш не јаде брза храна. Пие многу вода, обична и минерална, и по една-две чаши бело или црвено вино на ден. Не пие газирани сокови, а избегнува и кафе.

Нутриционистот Френки Филипс вели дека методот што го следи Брижит е многу правилен и е еден од најздравите начини за одржување на здравјето и младиот изглед. Истовремено, тој начин на исхрана значително го намалува ризикот од срцеви болести.

Секојдневното менито на Брижит Макрон вклучува:

Спанаќ – богат со лутеин и зеаксантин, кои ја спречуваат појавата на катаракт и ја одржуваат мрежницата во одлична форма.

Црвен пипер – содржи големо количество витамин Ц и каротин, кои важат за моќни антиоксиданси. Го зајакнуваат имунитетот и го спречуваат стареењето на кожата и појавата на брчки.

Јаболко – едно од најпопуларните овошја против стареењето, кое содржи високо количество пектин, кој ги отстранува токсините од организамот и ја одржува еластичноста на кожата.

Авокадо – неверојатно богато со витамин Е, кој важи за моќен антиоксиданс. Нутриционистите најмногу го препорачуваат доколку имате сува и надразнета кожа.

Брокула – таа е богата со кверцетин, познат антиоксиданс со антивоспалителни својства. Воедно, се смета за одлично превентивно средство против артритис.

Scroll to Top