Изедначениот тен подготвен за предизвиците на црвениот тепих вклучува добра подготовка на тенот и подлога што трае, но потребно е да се држите до неколку едноставни правила.
Дамите на црвениот тепих минуваат низ рацете на стилисти, кои, освен што се грижат за бојата на шминката, се грижат и за нејзината текстура, односно начинот и редоследот на кои се аплицира шминката.
Тиктокерката Савана испроба некои од триковите за постојан мејкап.
@officialsavannahraeThe glow is insane ##makeuptips ##makeuphacks ##charlottetilbury ##glowymakeup ##naturalmakeup ##redcarpet ##fyp ##foryoupage♬ original sound – Savannah Rae Collins
„Првин оди базата, која го изедначува тенот. Потоа оди мешавината од хидратантна подлога и тонирана формула“, коментира Савана во видеото, кое стана вирално.
Се истакнува важноста на тонираниот крем, односно подлогата, наместо тешката пудра.
Потоа се користи бјути-блендер, славното сунѓерче, кое веќе некое време е ултимативен хит. Ова сунѓерче овозможува текстурите да се стопат меѓусебно, но и со кожата.